Повторувањето на бустерот на секои четири месеци може на крај да го ослабе имунитетниот одговор и луѓето да се уморат од него, наместо тоа треба да се остави повеќе време меѓу давањето бустер и тој да се поврзе со почетокот студената сезона во секоја хемисфера, препорачуваат од ЕМА.
Советот од европскиот медицински регулатор следува откако некои држави почнаа да ја разгледуваат опцијата за давање втора доза бустер во обид да се даде дополнителна заштита против ширењето на омикрон.
Месецов Израел стана првата држава во светот која почна да дава втор засилувач (четврта вакцина) на лицата над 60 години.
„Бустерите треба да бидат дадени еднаш, можеби два пати, ама тоа не е нешто што мислиме дека треба постојано да се повторува.
Треба да размислуваме како можеме да транзиционираме од сегашната пандемиска состојба во поендемска состојба,“ изјави првиот човек за биолошки здравствени закани и вакцинална стратегија на ЕМА, Марко Кавалери.
ЕМА потврди дека третмани како Паксловид и Ремдесивир ја задржуваат својата ефикасност против омиркон. Агенцијата изјави дека април е најрано што може да одобри нова вакцина наменета за нови специфични соеви на ковид-19, бидејќи процесот трае меѓу три и четири месеци.