Една од константите е дека категоријата „семејство и деца“ високо котира во сите земји па сепак, разликите во „тежината“ се видливи: во Австралија, Нов Зеланд и Грција тоа им е врвна вредност на преку 50% луѓе, додека во Јужна Кореја и Тајван, семејството им ја исполнува смислата на животот на 15% односно 16%.
Слободата најмногу се цени во Холандија а најмалку во Велика Британија.
Во Шпанија здравјето им е најбитно на речиси половина луѓе додека во Тајван такви има само 6%. Тајван на многу табели е на дното освен по прашањето на општеството и материјалната благосостојба кои им се топ две вредности.
Во Нов Зеланд постојат 4% луѓе чија смисла на животот им ја прават нивните домашни миленичиња.
Има и рeзултати кои можат да ве зачудат: дека на Италијанците најважна им е работата или дека земја во која најмногу се ценат пријателствата е - Австралија.
Овде се резултатите и можете да буричкате и по земја и по категорија.