Во САД е извршена револуционерна хируршка процедура која буди надеж за пациенти со оштетени органи: во осумчасовна операција, на 57-годишен маж му е вградено срце на генетски модифицирана свиња.
Ова е прва успешна трансплантација на свинско срце во човечко суштество, а пациентот се чувствува добро, објавија хирурзите од Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд.
„Срцето создава пулс, создава притисок, тоа е веќе неговото срце“, изјави директорото на програмата за трансплантација со разбирлива доза на претпазливост: „Не знаеме што ќе ни донесе утре, ова никогаш досега не било направено“.
Дејвид Бенер немал друга опција: без ова срце сигурно би умрел бидејќи бил премногу болен за да се квалификува за добивање срце од човечки донор.
Лани во САД 41,354 Американци добиле трансплантиран орган; во повеќе од полoвината случаи се работело за бубрег.