Д-р Скот Готлиб сега вели дека платнените маски не обезбедуваат голема заштита од коронавирусот кој се пренесува преку честички во воздухот. Платнените покривки за лице не се многу ефикасни во запирање на тие честички, за разлика од болестите кои се пренесуваат преку капки, рече тој во интервју за CBS.
„Ова е болест која се пренесува преку воздух. Сега го разбираме тоа а платнената маска нема да ве заштити од вирус со воздушен пренос. Може да заштити подобро кога се работи за пренос преку капки, нешто како грип, но не и нешто како овој коронавирус“.
Скептицизмот кон маските се возобнови во време на доминантност на вирулентната омикрон варијанта, кога се создадоа многу нови жаришта од места во кои е задолжително носење маска.