Раскажувајќи ја својата приказна моделот објаснува дека кога стигнале во соба двајцата пушеле марихуана по што Дрејк ја прашал дали сака да имаат секс. Како што таа објаснува „тој бил многу внимателен да се осигура дека работите се консензуални“.
Двајцата имаат секс со кондом, по што Дрејк оди во тоалет да го фрли кондомот, да се среди и излегува. До овој дел од вечерта моделот нема никаква забелешка.
По него и девојката влегува во тоалет. По некое време почнуваат да се слушаат пискотници од тоалетот и Дрејк со трчање влегува да види што е работата.
„Работата“ е што девојката го извадила кондомот од канта, го отворила и го истурила кај себе во вагина во обид да се затрудни од нејзе познати причини. Како што почнало да тече таа почувствувала „како да истура лава“. Ова е затоа што Дрејк истурил пакетче лут сос во кондомот пред да го фрли во канта за да ја убие спермата, што раперот го признал.
Сега моделот се заканува дека ќе го тужи Дрејк за изгорениците што ги има на вагината.
Од друга страна на мерките против алиментација е Борис Бекер, кој во 1999 по една пијанка во ресторан во Лондон, завршува во кревет со келнерка. Келнерката, Ангела Ермакова, по сексот успева да собере сперма од тенисерот и да затрудни. Две години по оваа средба, и неколку судски рочишта и ДНК тестови, Борис Бекер го признава татковството на Ана, ќерката со Ермакова.