Студијата финансирана од американската Влада, а објавена во журналот за акушерство и гинекологија, покажала дека жените што се вакцинирани во просек имале продолжување на нивниот менструален шаблон за околу еден ден.
На студијата и претходат поплаки од жени дека по вакцинирањето доживеале нарушување на циклусот, проследени со пообилно а понекогаш и поболно крварење. Во студијата жените кои ги примиле двете дози за време на ист циклус имале одложување на менструацијата за два дена.
Главниот автор на студијата, Алисон Еделман од Универзитетот во Портланд, порачува дека овие проблеми се привремени и дека нема зошто да се стравува за долгорочното здравје.
Научниците објаснуваат дека и понатаму не е јасно зошто ковид вакцинацијата би влијаела на циклусот.
Во студијата се опфатени само жени од САД, што значи дека вакцинираните имаат примено вакцина од Фајзер, Модерна или Џонсон и Џонсон. Жените се на возраст од 18 до 45 години.