БОО се рекламира дека продава фулвична киселина, соединение кое се добива од хумус, тресет и сличен распаднат органски материјал (истиот тој што се користи во саксии, бавчи, садници...), со тоа што конкретно нивниот се вади од мочуриштата на Онтарио. БОО на својот сајт пишува дека тоа што го продава е „краен производ и најмалата честичка од распаѓањето на антички органска материјал“.
За целата работа да биде уште повпечатлива, се работи за мулти-левел маркетинг (МЛМ) во кој главниот производ е пластично кесиче со 130 грама исушена кал, позната како - земја.
Комбинација на пандемија, карантини, излудување по алтернативни лекови и третмани, создава перфектна средина за ѕвезден подем на брендот, па имаат илјадници нови продавачи и десетици пати повеќе корисници.
Магичната земја БОО тврди дека може да ја користи секој на која било возраст, како и животни, и таа може и да се јаде и да се прават пијалаци со нејзе, како и да се тушираш со нејзе.
Придобивките од БОО, меѓу другото, се лекување рак и аутизам, подобрување на мозочна функција и срцево здравје, и чистење на телото од токсини кои содржат тешки метали, пестициди и паразити.
Еден од проблемите во ваквото тврдење е дека ФДА, и други испитувања, откриваат дека земјата содржи олово и арсеник, „што е една од причините зошто не јадеме земја“.
Неколку испитувања на содржината, анти-МЛМ кампања и запирање на пратките на БОО на границата на САД, прави БОО на 23 ноември да објави дека затвора.
Неколку дена подоцна, на почетокот од декември ФДА објавува официјална препорака до американската јавност да не го користат прашокот (земјата) и таблетите од Блек оксиџен органик, заради зголемени нивоа на олово и арсеник. Ниту пак што било од ова да им даваат на своите миленици.