Сајт за „телесна позитивност“ почна да изработува „Don't weight me“ картички кои бесплатно ги печати и испорачува до сите дебели што ќе ги посакаат. Компаниите кои ќе сакаат да го поддржат проектот имаат опција да нарачаат 35 картички за 100 долари.
На картичките кои функционираат како некаков замислен спас од вагата која душмански демне во секоја ординација, пишува:
„Ве молам да не ме мерите освен ако тоа не е (вистински) медицински неопходно.
Ако навистина ви треба мојата тежина, ве молам да ми го кажете тоа за да можам да ви дадам информирана согласност“.
Иако самото носење на ваква картичка треба да ги разбранува твоите прехранбени канони, задната страна на картичката оди уште подлабоко во бајковитиот свет на дебелите, па објаснува:
- Најголем дел од здравствените проблеми можат да бидат решени без да ја знаеш мојата тежина.
- Стресно е за мене кога се фокусирам на мојата тежина (и тоа не е здраво).
- Мерењето секој пат кога ќе дојдам на преглед и зборувањето за мојата тежина како да е проблем промовира стигматизирање на тежината (познат и сериозен здравствен ризик).
- Јас активно работам на здрави навики без разлика на мојот тежински статус.
Сајтот нуди и картички за родители кои сакаат докторите да не се мешаат во нивната игнорантност околу дебелината на нивните деца.