Во писмото до парламентот министерот Хуго де Јонг, пишува дека земјата треба да земе предвид дополнителни бустер вакцини за борба со новите варијанти од кои 2 би биле дадени во 2022 и уште една во 2023.
„Моментално имаме доволно дози за сегашната кампања за давање бустер вакцини, и за можните дополнителни бустер тури во вториот квартал и есента од 2022, и во 2023,“ пишува Де Јонг во писмото.
Холандија имаше нарачано 12 милиони вакцини од Фајзер/Бионтек, за подоцна да порача уште 6 милиони дополнителни.
Земјата веќе има договор за Фајзер/Бионтек за уште најмалку 17,5 милиони дози до 2023. За сега не е познато кој ќе биде опфатен со дополнителните три бустер вакцини во 2022 и 2023.
Моментално во Холандија 85,9% од лицата над 18 години се целосно вакцинирани, додека само 20% од истата оваа група имаат примено и бустер вакцина.