Еден од случаите што го објавува Вашингтон пост, Енди Грес, прави вазектомија откако му се местат неколку настани по ред: прво, веќе има четири деца; второ, жена му има проблеми од апчињата против затруднување, и трето начекал попуст по повод Светскиот ден на вазектомијата.
Гестовите како овој на Грес се користат и како пример за тоа дека во време кога правото на абортус во САД е се понестабилно, мажите треба на свој грб да ја понесат одговорноста околу контрола на забременувањето.
Друг „колега“ на Грес кој исто така ја има направено операцијата од слични побуди, има сосема поинаква забелешка која се однесува на двојните стандарди, што тој за операцијата само зборувал со урологот и сопругата, додека за абортусот се води масовна дебата од сите страни и институции.
Паралелно со овие примери, во САД е разработена голема индустрија на хирурзи специјализирани за овој зафат силно поддржана од активистите за планирање на семејството. Навлекувањето на мажите на ножички се тера преку слогани како „знак на љубов“ и „врвниот начин да бидеш добар маж.“
Во исто време сите овие што ги поддржуваат и поттикнуваат мажите да прават васектомии, преку групи за поддршка, попусти, акции и слично, гласно повторуваат дека тоа не го прават ниту го сметаат како алтернатива на абортусот.