„Речиси две години, ние бевме речиси хипнотички преокупирани со дневните бројки на владата од корона-пандемијата.
Гледавме во осцилациите на бројките на заразени, хоспитализирани и починати од корона. А значењето и на најмалата варијација на бројките ни беше објаснувано од експерти, политичари и власти, кои константно нè предупредуваа за корона чудовиштето кое се крие под нашиот кревет. Чудовиште кое само чека ние да заспиеме за тоа да нè нападне во безнадежноста и мракот на ноќта.
Константната ментална алармираност ужасно не истошти сите нас. И токму затоа ние - печатот - мора подлабоко да ги процениме нашите постапки. И не успеавме во тоа,“ пишува Брајан Вајкхард во текстот за Екстра бладет.
Тој признава дека не биле доволно внимателни кога власта требала да објасни „што точно значи дека луѓе се хоспитализирани со корона, а не заради корона.“
„Бидејќи тука има разлика. Голема разлика. Официјалните бројки за хоспитализација излегоа дека се 27% повисоки отколку вистинската бројка за тоа колку луѓе се во болница заради корона,“ пишува Вајкхард.
Иако главната вина ја префрла на владата дека е одговорна за погрешно информирање на јавноста, Вајкхард признава дека точните бројки за тоа колку луѓе се болни и умреле од на не со корона, требало одамна да бидат отпечатени.
Друга работа што тој ја споменува е дека вакцините постојано ги нарекуваат „супер-оружја“ а болниците се „супер-болници“, но без разлика на тоа „овие супер-болници се под максимален притисок, дури и кога речиси целата популација е опремена со овие супер-оружја“.
„Со други зборови, тука има нешто што не го заслужува терминот 'супер'. Без разлика дали тоа се вакцини, болници, или мешавина од сето тоа, кој како сака. Меѓутоа најмалку од сè, начинот на кој владата комуницира со населението го заслужува терминот 'супер'. Напротив,“ пишува Вајкхард.