Живот и забава

За Бил Гејтс никогаш не е доволно лошо

Да не биде после дека само тој знаел, Бил Гејтс алармира дека нè чека бетер пандемија, и наместо уште една идна несмасна реакција како за коронавирусот, владите уште од сега да почнат да инвестираат милијарди долари во борба против идни вируси и зголемување на производството на вакцини.

Скриената цена на опсесијата со рибино масло

Процесот на добивање рибино масло почнува со машинско мелење на милиони мали риби клучни за здрави океани и нивниот систем на исхрана. Завршува со пакување по нарачка на твојот најблизок дилер на здрави суплементи.

Во Франција колите добија налепници за штетност

Во иднина секоја реклама за автомобили во Франција задолжително ќе треба да содржи порака дека автомобилите општо не ги бива и да ги стимулира гледачите да не користат автомобили.

Ковид-19 да ти бил слаб на канабис, во лабораторија

Соединенија од канабисот го спречуваат вирусот што предизвикува ковид-19 да продре во здрави човекови клетки, пишува Блумберг за студија објавена во Журналот за Природни производи.

На планетава се смеат 65 видови животни

И на луѓето да им е сè помалку до смеење, планетава нема да остане намќор. До пред неколку години се сметаше дека тоа е наша ексклузивна способност, но на листата ги има доста. Никогаш ви се нема насмеано крава?

Дански весник се извини за слепо следење на ковид насоките на Владата

„Ве разочаравме“ е насловот на едиторијалот и насловната страна на дански „Екстра бладет“, кој се извинува што за време на целата пандемија ја следел и објавувал владината порака без никаква проверка на истата.

ЕУ: Не може да се тера цело време со бустери

Честото користење на бустери за ковид-19 може штетно да влијаат на имунитетот и најверојатно не се изводливи, предупредуваат регулаторите на ЕУ.

Дрејк метода против алиментација

Раперот бил излезен со Инстаграм модел по што во одат кај него во хотел и имаат секс. Сега истиот овој модел сака да го тужи, не по основа #metoo, ама сепак го тужи.

Регионален татко на денот

Стариот може да каже дека работата му била мед и млеко иако де факто, работел само со млеко. ДНК тестови покажале дека разнесувачот на млеко, Рендал Џефрис зачнал 800 деца во Сан Диего и околината.

Ќе се живее 100 години, ама и ќе се 'рга 60

Повеќето од оние кои се раѓаат овие години, ќе можат да очекуваат дека ќе живеат преку 100 години. Но ако нам 40 години работа пред пензија ни се чини многу, нека му ја мислат тие со 60 години веслање.

Го имаме првиот човек со свинско срце

Откако долго време ги усвојуваме некои нивни карактерни и прехрамбени особини, време е и за директно поврзување на човекот и свињата. За првпат во историјата на трансплантациите, на 57 годишен маж му е пресадено срце од свиња.  Се чувствува добро ама веројатно не сака да му ставаат јаболко во уста.

Германија престана да верува на две дози вакцина

Влезот во ресторани, музеи, барови, кафулиња и слични естаблишменти во Германија наскоро се комплицира за сите што немаат три дози вакцина (2 + бустер).

ГПС на смислата на животот

Каде ја бараат и во што ја наоѓаат луѓето среќата и смислата на своите животи? Среде пандемија биле прашани 19.000 возрасни лица во 17 различни држави од светот. Има некои константи ама интересни се и разликите.

Ковид вакцините можат да го одложат женскиот менструален циклус

По повеќе пријавени случаи и општо загриженост, научна студија потврдува дека вакцинацијата против ковид-19 може да го наруши менструалниот циклус кај жените и тој да биде привремено и делумно одложен, пишува Блумберг.

Њузвик, ти некогаш значеше нешто

Магазинот вади дел од подкаст од пред еден месец во кој Џон Стујарт маалски со колеги зборува за Хари Потер, и тоа го пакува под насловот „Џон Стујарт ја обвинува Џ.К. Роулинг за анти-семитизам“. Стујарт реагира на ова со порака до Њузвик: „гзот да ми го јадете.“

Од бордот на Фајзер: Маските не ве штитат

Платнените маски би можеле да ве заштитат од грип но не и од коронавирус, гукна после две години пандемија поранешниот прв човек на Американската агенција за храна и лекови и актуелен член на бордот на Фајзер.

Не може планетава да ја вакцинираме на секои шест месеци

Врвен вакцинален научник кој учествувал во создавањето на вакцината АстраЗенека порачува дека неколкукратно вакцинирање секоја година не може ни да се изведе, ни да биде одржливо. Наместо топтан, сосе деца, треба да се штитат ранливите групи. А и за тие се потребни дополнителни информации.

Ништо од тужбата од бебето на Нирвана

Спенсер Елден кој како голо бебе се појавува на обвивката на „Неврмајнд“ албумот на Нирвана, го тужеше бендот тврдејќи дека бил жртва на сексуална експлоатација на деца.

Филмска приказна за душата

Тогаш се палевме на гитарата со два врата на Брега, наместо на Мерцедесот за кој го осудивте Грујо, на тоа колку публика имало на „Ајдучка чешма“ , а не колку понудил за кауција Сашо, кај ќе чекаме ние Нова Година а не кај чекала Катица, ни беше важно што ќе донесат тато и мама во торбата од работа, а не колку има во Луј Витон торбата на Боки.

Компанијата што продаваше кесичка земја за 110 долари

Блек оксиџен органикс (БОО) се појавува од никаде и се шири паралелно со проблемите со пандемијата, и за цело време растура со продажба по социјални мрежи ветувајќи секакви магични здравствени придобивки од нивниот производ, и правејќи милионски суми промет. И сега сето тоа е во минато време.

Шефот на Ковакс: Нè утепавте со напнувањето за бустери

Ковакс системот за распределба на вакцини требаше да биде главен плејмејкер во глобалното справување со глобалниот непријател. Но богатите прописно го маргинализираа целиот тој систем: наголемо се зборува за трет, четврти или н-ти бустер, додека три ипол милијарди луѓе воопшто не се вакцинирани со што се остава отворена врата за многу поопасни варијанти.

Холандија ќе тера до 6-та доза вакцина

Министерот за здравство на Холандија најави дека земјата би можела да почне да се подготвува за дополнителни три бустер вакцини против ковид на постојните 2+1.

Најдобро се учи со гледање два пати ама брзо

Универзитетските видео предавања треба да се пуштаат на двојно поголема брзина ама да се изгледаат два пати за најлесно да се научат. Истото веројатно важи и за разни Јутјуб туториали што ги гледате.

Омикрон „не е истата болест“ како првичниот ковид

Иако бројот на хоспитализации е зголемен, високите смртни стапки од ковид во Британија „сега се историја“ а самата болест „е далеку помалку сериозна и многу луѓе релативно малку време се во болница“, изјавил водечкиот британски имунолог, сер Џон Бел.