Лукот не само што може да биде добар за одвраќање од себе на луѓе и вампири, туку и на ковид-19 и грип, порачува истражување од австралискиот институт Питер Доерти. Научниците од Доерти година ипол ги истражувале својствата на одредена сорта лук одгледана во Австралија која покажала антивирусни својства со до 99,9 проценти ефикасност против вирусите кои предизвикуваат ковид и обичен грип.
Идејата е да се комерцијализираат најефикасните сорти лук и нивните екстрахирани состојки и тие да се земаат како суплемент капсули како витамин Ц или рибино масло. Тоа веќе е предмет на неодамна поднесен меѓународен патент.
Истражувачите велат дека резултатите до кои дошле се вчудоневидувачки:
„Бевме подготвени нашите експерименти со над 20 сорти лук комплетно да пропаднат но откривме дека некои од нив може да го намалат заразниот ефект на вирусите за речиси 100 проценти“, вели доктор Џули Меколи.
Луѓе имаат користено лук за здравје уште во времето на египетските пирамиди но досега немало доказ за неговата медицинска ефикасност, особено во поглед на вирусите.
Освен она што и досега ни беше познато: дека е одличен за одржување социјална дистанца.