Имало и подобри решенија од карантини

Вообичаена самоизолација (да не одиш на работи или на школо кога си болен) и редовно тестирање за ковид, ќе беа поуспешни тактики отколку оние кои беа наметнати: општи карантини, затворање школи и строги физички дистанци, покажуваа епидемиолошки и економски модели кои ги тестирале овие стратегии во разни варијабли.

Редовното дијагностичко тестирање и самоизолацијата ќе беа поефикасни од затворањето на училиштата и деловните субјекти кога станува збор за борба против заразни болести како што е ковидот, порачува студија од Универзитетот во Вајоминг, објавена во Сајентифик Репортс.

Тие развиле епидемиолошки и економски модел за споредување на ефикасноста на задолжителното физичко дистанцирање од политиките за редовно тестирање и самоизолација при што утврдиле дека во  повеќето разгледувани сценарија, втората стратегија се покажала како далеку подобра.

Оние држави кои „се кладеа“ на строги карантини и затворени школи и бизниси, наместо да инсистираат на често тестирање, се соочија со огромни економски последици, лоши ефекти врз менталното здравје и пореметување на социјалните интеракции на подолг период.

„Откривме дека за епидемија слична на онаа од ковид, оптимизирана стратегија на случајно тестирање со доброволна самоизолација може да донесе повисоки нето придобивки од стратегијата за масовно физичко дистанцирање во широк опсег “, напишаа економистите од студијата.

 

24 мај 2023 - 07:20