На Адам Мастројани, психолот од Универзитетот Колумбија, му здосадиле вообичаените кукања дека луѓето имаат сè помалку почит кон другите, љубезност и емпатија па решил подлабоко да се нурне во таквите тврдења и да напише докторска дисертација на таа тема.
Извлекол повеќедецениски анкети и други податоци и открил дека најмалку во последните 70 години, луѓето ширум светот постојано тврдат дека постои општ пад на моралот. Не наоѓајќи поткрепа за таквото чувство, тој и неговиот соработник од Харвард заклучиле дека перцепцијата за моралниот пад е илузија.
Во американските истражувања за моралните вредности спроведени помеѓу 1949 и 2019 година, повеќето учесници постојано оценувале дека актуелниот морал на нивните современици е за нигде. Слични резултати имале и анкетите во 59 други земји. Перцепцијата за морален залез ја споделувале луѓе од различни политички идеологии, раси, полови, возрасти и образовни нивоа.
Зошто луѓето постојано околу себе гледаат морално распаѓање? Авторите шпекулираат дека тоа можеби има врска со пристрасноста на меморијата; негативните спомени бледеат побрзо од позитивните.
Предизвикот ќе биде луѓето да сфатат дека се во илузија, велат авторите