Копањето бавча да ти било штетно за околината

Не само што прекопување на градината за да се спреми за ново садење цвеќе или зеленчук е аргатска работа, туку било и штетно за околината, бактериите, јаглеродот.... Доволно било да се фрли компост на земјата и и да им се остави на црвите да бркаат работа. Ние одамна знаевме дека џабе ќе се фаќаме за лопата.

Копањето на вашата градина не само што е непотребна напорна работа туку е лошо и за животната средина порачува мултинационалната компанија за градинарска опрема B&Q.

Иако ова е малку изненадувачки совет од ланец кој на ангро продава  градинарски лопати, убедени се дека методот треба да стане минато, за да може градинарството да се омасови.

Наместо двапати да се прекопува градината (еднаш на крупно, вториот пат за да се уситни) за земјата да се „проветри“ и исчисти од плевел, тврдат дека е доволно еднаш или двапати годишно врз земјата да се фрли компост и да им се остави на црвите, бактериите и габите да го измешаат компостот со земјата.

Идејата постои уште од 1980-тите години и нејзин пионер е познатиот британски градинар Чарлс Доудинг кој беше упорен во советите земјата да престане да се копа и да се остави природно да се регенерира.

B&Q кои имаат преку 300 продавници во Англија и Ирска тврдат дека копањето ги уништува бактериите и доведува до тоа јаглеродот кој е закопан во земјата да создава стакленички гасови кога ќе биде изложен на воздух.

„Јаглеродот е како лепак во земјата. Колку повеќе го има, толку подобро. Но, со копање ние всушност го изложуваме на кислород и се претворда во CO2,“ вели Тим Клеп од КЛингфишер, фирма мајка на B&Q.

Вака изгледа модерното градинарство, додека во појачана смена со комшијата, посветено мониторирате тоа црвите да не заебат нешто.

 

12 јуни 2023 - 17:08