Интерно истражување на јавното мислење и телевизискиот аудиториум им покажало на CNN дека значајно ја имаат изгубено довербата кај гледачите, првенствено поради сензационализмот, пристрасноста и поларизирачкиот пристап кон пандемијата и ковидот, тврдат Федералист.
Иако собираа некакви награди за „проверки на факти“ и „специјални заслуги“ за истражувачко новинарство, медиумот не успеа да го задржи најважното, довербата кај публиката.
Една таква награда, на пример, доби нивниот главен медицински соработник, доктор Санџеј Гупта кој беше движечка сила на нивниот сензационализам, што подоцна убедливо му беше предочено во многу наврати (види: Џо Роган им направи сачекуша на CNN).
По само 13 месеци на чело на CNN, Крис Лихт ја напушти функцијата, остварувајќи многу малку од она што имаше намера во поглед на враќање на некогашниот углед и рејтинг на оваа кабловска платформа.
Тој стана ЦЕО во хаотични времиња, неколку недели откако газдите од Ворнер и Дискавери го затворија CNN+, исклучително скап и неуспешен проект на неговиот претходник Џеф Закер.
Крајот на Лихт го навести еден скорешен, по него разорен текст во Атлантик, а капак веројатно беше исклучително неуспешното Таунхол интервју со Доналд Трамп во кое овој ја издоминира новинарката Каитлин Колинс иако го имаше прекинато катаљарда пати:
Освен пристрасноста и навивачкиот сензационализам околу пандемијата, сондажата покажала дека другите две главни причини за недовербата кај гледачите се либералната пристрасност и контроверзите околу случајот со Крис Куомо.