Еден самоопрогласен пророк од Уганда им понуди зрак надеж на делот суеверни и лекомислени негови сограѓани. Им кажа дека Господ го има земено кај него на неколку часа и тогаш му има ветено дека планира сите луѓе од Уганда да ги пресели на некое посреќно место. Ако е така, нефер е први да бираат.
Австралија и Нов Јужен Велс регистрираат десеткратно зголемување на „пандемиски бебиња“ кои заради респираторни компликации мора да бидат одведени на интензивна нега. Британски медиуми пишуваат таквите бебиња на светот доаѓаат со недоволно развиен имунитет.
За истата улога на пират што ја игра речиси дваесет години, Дизни е подготвен да му плати на Џони Деп над 300 милиони долари, откако претходно му порача да дека не треба веќе да се гледаат.
Дејв Шапел откупи огромно земјиште во својата паланка во Охајо во која реши да остане да живее и после славата и парите, само за да спречи околу него да никнат бетонски грдосии вредни 40тина милиони долари.
Транссексуалната ќерка на Илон Маск официјално побарала менување на своето име „во согласност со нејзиниот нов идентитет“, а за да не оди два пати по шалтери во исто време се откажала и од својот татко Илон.
Прво папата го откажа одамна планираното патување во Африка заради здравствени проблеми, а потоа најави дека ќе именува 21 нов кардинал, два предзнака кои се толкуваат како сигнал за неговото напуштање на престолот во Ватикан.
Пред десетина дена еден од столбовите на слободниот говор и размислување, Вашингтон пост, по итна постапка суспендираше еден од своите најдобри новинари затоа што ретвитнал виц. Серија твитови подоцна и ВП ја отпушти и новинарката што го накодоши колегата.
Кога првпат беше објавена, песната „Running Up the Hill“ на Кејт Буш добутка до третото место на топ листите. Речиси 40 години подоцна, песната руши рекорди на истите тие топ листи и тоа по повеќе основи. 'Stranger things' се дешаваат.
ДНК од пајаци и уште илјадници други бубачки се откриени во анализите на комерцијално достапен чај и сушени растенија зачини набавени во продавници за храна во Германија.
Не, овој пат не е тој туку е 24-годишна девојка, оверен модел на Плејбој со забележително присуство на Инстаграм, која секој грам од својата убавина (што од природа, што од скалпел) ја користи за чистo зло.
Џиновскиот кинески телескоп Небесно око можеби фатил сигнал од вонземјанска цивилизација, беше објавено од државниот Сајанс енд технолоџи дејли, за потоа истото да биде избришано.
Светската здравствена организација е во потрага по ново име на вирусот кој во последно време необично се шири по планетата. За разлика од мајмунските сипаници, новото име треба да биде недискриминирачко и нестигматизирачко. А кокошките по кои е наречено ноќното слепило, кој ги ебе, а?
Не само што егзодусот на жители на Калифорнија полни држави како Тексас, Аризона и Вашингтон, туку добар дел почнаа да бегаат надвор од САД во соседно Мексико, чисто затоа што животот во Калифорнија им е станат прескап за раат живеење.
„Секоја девојка е ’би’. Само треба да откриеш дали тоа е ’поларна’ или ’сексуална’“ е твитот што беше доволно неподнослив за Вашингтон пост, за новинарот Дејвид Вајгел, со 8-годишен стаж во весникот, да биде суспендиран заради него.
Во развод кој ја добил етикетата „Маги разводот“ Индиец се разделува од својата сопруга затоа што за појадок, ручек, вечера, секој божји ден, му готвела инстант нудли. (Ете зошто Маги).
Бројот на американски деца кои се предозирале со мелатонин, хормонот кој помага во заспивање, отишол во небеса последнава деценија. Преку 500% раст имаат вакви случаи во изминатиот период. Нас како нација ова не нè засега. Ние сме на дијазепам.
Рос Вијтман е 40-годишен поранешен пилот на кого канадската влада му признава дека останал инвалид по примањето на АстраЗенека вакцината против ковид-19.
Новиот шеф на CNN пишал допис до вработените во куќата да намалат со бомбастичната најава за „Брејкинг њус“ која со години инфлаторно ја користат и веќе има изгубено секаква смисла. Инаку, по падот на нивниот архи-непријател Доналд Трамп, рејтинзите на CNN се жив резил.
Кинеска корпорација за која се тврди дека е директно поврзана со Комунистичката партија на Кина и тамошниот воен комплекс изрази намера да го купи фамозниот Форбс. Американски сенатори на ова го гледаат како на закана за американската национална безбедност.
Неколку доктори за Њујорк тајмс потврдуваат дека трансродовата пливачка Лиа Томас има нефер предност пред остатокот од женските пливачки, без разлика дали била на терапија за потиснување на тестостерон или не.
Две години откако уздуж и попреку се испокаравме околу маските, што понекогаш заличуваше на лов на вештерки или прогон на непријателски елементи, Њујорк Тајмс деновиве констатира дека задолжителноста на носењето маска статистички немала битно влијание врз брзината на зараза. ОК. И после ќе се чудат зошто на следната белја ќе има уште повеќе скептици.
По децении успешен позитивен ПиАр и освојување на симпатиите на глобалната јавност, конечно во јавност се покажа вистинското лице на шведската култура и обичаи, и е поодвратно од што сте можеле да замислите.
Што есеи и студии се напишаа дека пандемијата неповратно го промени работниот еко-систем, дека во иднина ќе се работи од дома, дека сè тоа ќе биде онлајн, зумови- мумови. Илон Маск деновиве прати два меила до вработените во Тесла: да се нацртаат на работа или да фаќаат педала.
Добра вест е што нова студија од израелски научници објавена во Scientific reports не нашла врска меѓу самата ковид инфекција и зголемен број на кардиоваскуларни компликации. Но има и лоша вест, а таа е поврзана со вакцините и срцевите проблеми кај луѓе помлади од 40 години.