
Моделот изработен од британските научници ги обработува снимките од компјутерска томографија и идентификува дали абнормалните израстоци снимени на нив се рак.
Тимот научници од Ројал Мадсен фондацијата, Институтот за истражување рак и Кралскиот колеџ во Лондон, користат КТ сканови од 500 пациенти со големи израстоци на белите дробови за да го развијат АИ алгоритамот.
По ова моделот е тестиран да покаже дали може прецизно да идентификува канцерогени израстоци. На тестирањето, моделот добива оценка 0,87 (1 е совршени резултати, 0,5 е рандом погаѓање).
Алгоритамот допрва ќе треба да биде искористен кај нови пациенти и да покаже како ќе се снајде со откривање на нови случаи на рак на бели дробови.