Најголем протагонист на лажните информации за време на пандемијата беша владата на Соединетите Американски држави.
Дезинформации дека ковидот се шири преку површини.
Дезинформации дека вакциналниот имунитет е далеку подобар од природниот.
Дека маските се ефикасни. Сега за тоа го имаме конечниот Кокреин извештај. Што правите за тој извештај? Кокреин со децении е најавторитетното медицинско тело; ќе го игнорирате, нема да зборувате за тоа?
Дезинформации дека миокардитисот е повообичаен после заразата отколку после вакцината. Не е вистина. Од 4 до 28 пати е почест после вакцинирањето.
Дека младите имаат бенефит од бустер дозите. Дезинформација. Двајца наши врвни експерти за вакцини се повлекоа од Агенцијата за храна и лекови, во знак на протест околу ова конкретно прашање - да се буткаат бустери за млади здрави луѓе. Податоци за ова никогаш немаше. Тоа е причината што Центарот за контрола и превенција на заразни болести никогаш не ги обелодени стапките на хоспиотализации меѓу бустираните Американци под 50 години.
Бевме сведоци на нешто за кое нема простување: користење на медицински истражувања како оружје.
Зошто Центарот извади студија за природниот имунитет во само една држава наљудувана два месеца, кога имаа податоци за сите 50 држави со години? Затоа што само тој мал исечок од огромната база им даваше резултат кој го посакуваа. Истото беше и со студијата за маските.
Тие го лажеа американскиот народ.