Активистичката група Јudicial Watch добила 57 страници со силно редактирани (зацрнети) записи од американското Министерство за здравство кои покажуваат дека два дена пред одобрувањето на вакцината на Фајзер, во преписката меѓу американските и британските регулатори најважно било нагласувањето на нивниот „договор за меѓусебна доверливост“.
Тема на преписката била загриженоста околу ризикот вакцината да предизвикува анафилакса, сериозна алергиска реакција која започнува ненадејно и може да биде опасна по живот.
Документите се добиени благодарејќи на законот за достапност на информации откако Агенцијата за храна и лекови одбила да ги даде. Следната битка ќе биде документите да се добијат без цензурирање на деловите но и оваа верзија е доволна претседателот на Јudicial Watch, Том Фитон, да изјави:
„В раце имаме вознемирувачка серија нови документи кои откриваат таен договор за доверливост поврзан со безбедносните прашања за ковид вакцините што покренуваат нови прашања за вакцините и бременоста“.
Во претходната епизода, заканувајќи се со тужба, групата доби 1.081 страница записи од надлежни институции во кои се детализирани интерни дискусии за вакцините и миокардитисот.
Повикувајќи се на законот за достапност на информациите, оваа група досега обелодени куп битни детали за ковидот:
* Евиденцијата на американскиот департмент за здравство во врска со податоците што Модерна ги доставила до Агенцијата за храна и лекови за нејзината мРНК вакцина, покажувале дека „статистички значаен“ број на стаорци се родени со скелетни деформации откако на нивните мајки им била вбризгана вакцината. Документите, исто така, откриваат дека Модерна решила да не спроведува голем број стандардни фармаколошки студии на лабораториски тест животни.
* Агенцијата била под притисок за одобрување на бустер дозите.
* Американското министерство за здравство има податоци дека од 2014 до 2019 година, на Институтот за вирологија во Вухан за истражување на коронавирус му биле дадени 826.277 долари.
* Американскиот институт за алергии и заразни болести дала девет гранта на организацијата EcoHealth Alliance која работела со Кинезите и лабораторијата во Вухан.
* Фондацијата на американскиот милијардер Бил Гејтс тесно соработувала со кинеската влада за да се отвори патот за продажба на кинески лекови надвор од Кина и притоа помагала да се слушне кинескиот глас поставувајќи кинески претставници во важни меѓународни совети.