Живот и забава

Колумбија се пресрами за кокаинот

Најголемиот производител на кокаин во светот и најголемиот снабдувач на САД со кокаин, Колумбија, има намера да го декриминализира кокаинот.

Фаучи се симнува од тронот

Речиси 4 децении, за време на владеење и на републикански и на демократски претседатели, Антони Фаучи владее со американската борба против заразните болести и со Националните институти за здравје. Вчера објави дека во декември целосно се повлекува од државна служба.

Стримингот ја претица кабелската

Последните податоци од Нилсен покажуваат дека во САД стримингот станал попопуларен начин на консумирање телевизиски содржини од кабелската телевизија. Како и кога кабелската го победи бродкастот, и овој тренд допрва ќе го менува културниот и бизнис релјеф околу медиумите.

Ватиканските егзорцисти прегореа од работа

Анкета меѓу италијанските свештеници кои со дозвола од Ватикан изведуваат егзорцизам покажа дека овие луѓе се преуморни, дека имаат премногу души за чистење а не добиваат никаква помош од своите. Со други зборови, егзорцизмот е ѓаволски тешка работа.

Молекула која уништува 300 бактерии отпорни на антибиотици

Со текот на времето бактериите стануваат сè поотпорни на антибиотици, па медицината веќе извесно време ја фаќа паника како да им доака на бактериите резистентни на сите постоечки лекови, вклучувајќи ги и оние кои се сметаат за последна линија на одбрана. Има добри вести.

Белата куќа на Твитер му нарачувала цензурирање новинари

Се појавија нови докази дека официјални лица од Белата куќа приватно побарале од вработени на Твитер да го цензурираат и забранат новинарот Алекс Беренсон, пишува Вол стрит журнал.

Ковид-19 се повеќе труе на лабораториски експеримент

Џефри Сакс е првиот човек на комисијата на журналот Лансет за истражување на потеклото на ковид-19 и од таа позиција тој тврди дека е „уверен“ дека вирусот потекнува од лабораторија.

Белешка за една мајмунарија

На 23 јули 2022 година, Светската Здравствена организација ја прогласи состојбата со мајмунските сипаници за глобална вонредна здравствена состојба. На тој алармантен потег му претходеше експертско гласање во самата СЗО.

Веганска пастрмајлија, кога?

Вегански активисти бараат популарната британска пита „свински кружен тек“ со уредба на властите да биде реименувана во „вегански кружен тек“. Да се намалела суровоста кон животните и да се правеле поздрави животни избори. На испостен човек сешто ќе му текне.

На комарците им мирисаме на Шанел N°5

Две миризливи супстанци, деканал и недеканал, потсетуваат на мирис од кора на портокал но најпрепознатливи се во култниот мирис на Коко Шанел, легендарната Петка. Истражувачите сега откриле дека токму тие две супстанци се оние кои ги привлекуваат комарците кај луѓето. И оние што не користат Шанел.

Само што ја дознаа, младите ќе ја откажуваат Металика

Заради една сцена во последната сезона од Стренџер тингс, Металика влезе во радарот на младата тинејџерска тиктокерска публика и некако многу природно ги воодушеви, за по некое време истата оваа публика многу природно да почне да ровари низ 40-годишната кариера на Металика.

Во одбрана на Лијам Нисон

Прогресивноста дојде и до Лијам Нисон, односно неговата најпозната филмска кожа, како татко кој не застанува додека не ја спаси својата ќерка. Многу било насилно тоа и било застарено сфаќање на татковството и мажественоста. Новиот татко и маж веројатно би требало да ги убијат злотворите со досада. 

Каде исчезна документарецот на Си-би-ес за Украина?

„Само 30% од помошта во оружје за Украина стигнува до крајната дестинација,“ е едно од тврдењата на документарецот на Си-би-ес работен неколку месеци на терен во Украина, кој телевизиската мрежа целосно го збриша само неколку дена по објавувањето.

Школите не треба и не требаше воопшто да се затвораат

Влегуваме во четврта школска сезона со коронавирус меѓу нас. „Надлежните наскоро ќе издадат упатства но еве што јас имам да кажам за тоа, како здравствен научник кој 20 години проценува ризици во внатрешни простории, но и како татко на три ученици и чичко на 25,“ пишува во Њујорк Тајмс професор од Харвард.

Филм од 100 милиони долари оди во фиока затоа што не може да се спаси

Ворнер брос неочекувано соопшти дека 100 милионскиот филм „Бетгирл“ никогаш нема да биде објавен и покрај тоа што снимањето е веќе завршено а материјалот се монтира.

Вирусот кој сите го имаме закачено

Во нас е веројатно пред да станеме луѓе а успеал да се внезди во нашите тела благодарејќи на тоа што има усул и не е лаком. Сепак, во последно време досието му се обременува со тешки обвинувања за рак и други белји.  

Жената од Маск-Брин драмата

Никол Шанан е долгогодишна партнерка и сопруга на Сергеј Брин, се до јули годинава кога парот објави дека ќе се разведува. Кон крајот на јули, Вол стрит журнал објави дека Шанан имала афера со еден од ретките луѓе на планетава што е побогат од Брин, Илон Маск.

Германија итно бара работна сила, свидетелства не требаат

„Имам маса за вас, ама немам човек кој ќе ви го зготви она што ќе го побарате“, гласи еден од можните одговори кои ќе ги добиете доколку телефонирате за да резервирате маса во ресторан. Заради недостаток на работна сила, во најсилната европска економија загрозени се речиси 150 професии.

СЗО препорачува помалку геј секс за побрзо решавање на мајмунските сипаници

Геј и бисексуалните мажи треба да го ограничат бројот на сексуални партнери за да се спречи ширењето на мајмунските сипаници, е официјална препорака од Светската здравствена организација.

Најнов пресврт околу протеините

До сега цело време препорачуваа да се бутаат протеини, а да се намали со јаглехидрати, шеќери и масти. Сега викаат, олабавете со тоа протеините. Урина од човек кој е на доминантно протеинска исхрана да ти била штетна за човековата околина.

Се продава Стоеден

Ние го знаеме како Стоеден, Стојадин и Стокец, неговиот оригинален производител го води како Фиат 128, и од таму би сакале да знаете дека токму овој модел бил автомобилот за секој ден на Енцо Ферари. Стокецот што сега се продава не е тој на Енцо, туку е на Том Хенкс.

Правете работи за кои сте труп

Луѓето од модерните западни општества се терани да бидат одлични во тоа што го прават. Многумина не одбираат хоби само затоа што мислат дека во тоа нема да бидат најдобри. А треба да се прави тоа што се сака, без оглед на резултатите.

Бустери ќе има уште многу и уште долго

Вакцините против ковид својата кариера ја почнаа многу славно, за со тек на време да им спласне ем славата, ем силата, па решението за второто беше бустер вакцина. Сега научните предвидувања се дека уште долги години ќе примаме бустери.

Старшип, назад во гаража

Тестирањето на вселенскиот брод на СпејсИкс, Старшип, вчера заврши со масовна експлозија на космодромот во Тексас и признание од Илон Маск дека „ова не е добро“.