Би било интересно да се пресмета на колкав куп луѓе им било ветено дека ќе станат ѕвезди/идоли на разно-разни шоуа за пејачки таленти ширум светов, а колкав процент од тоа навистина станале ѕвезди/идоли. Хери Стајлс кој тргна од X Factor, евентуално Адам Ламберт (Квин) кој се лансираше преку Американски идол и веројатно - толку.
За да се напредува во такви натпревари потребно е да се пее добро и да се биде допадлив за жирито и екранот, но неуспехот на уникатните гласови на оние што имаат да кажат нешто различно, воопшто не треба да се доживува како неуспех. Боуви за гласот на Дилан има кажано дека звучи како „песок и лепак“, ама тоа никогаш не беше елемент за дисквалификација.
Туку, за Кoвердејл (Deep Purple, White Snake):
„Не би знаел да ви кажам дали Вејтс и Дилан би поминале на Американски идол бидејќи никогаш немам гледано ниедно такво шоу. Знам дека и Дилан и Вејтс одамна имаат поминато на моите аудиции.“
Ковердејл признава дека ги обожава Дилан и Том Вејтс ама дека некои плочи на вториов не може секогаш да ги пушта по дома бидејќи жена му не ги може.
„Ама, штом таа замине на шопинг, одма го пуштам,“ вели еден од најдобрите вокали на рокот.
Ковердејл обелодени дека неговата оригинална интерпретација на хитот ‘Here I Go Again’ (горе со спотот со онаа фатална Тауни Китаен, бог да ја прости) ја има градено додека манијакално го слушал Том Вејтс на стар грамофон.
Сцена од филмот КОДА (рецензија на Букбокс овде):