Живот и забава

Готово е, прочитани сме

Тренирале модел со податоци од мозочните активности при гледање видеа. Успеале да реконструираат видео со маче, директно од мозочните сигнали на субјект кој гледал видео со маче. Да напоменеме, ова е само почеток на техниката за читање мисли со помош на вештачката интелигенција.

Имало и подобри решенија од карантини

Вообичаена самоизолација (да не одиш на работи или на школо кога си болен) и редовно тестирање за ковид, ќе беа поуспешни тактики отколку оние кои беа наметнати: општи карантини, затворање школи и строги физички дистанци, покажуваа епидемиолошки и економски модели кои ги тестирале овие стратегии во разни варијабли.

Во Англија денес се умира повеќе отколку во пандемијата

Пандемијата разбирливо донесе таканаречен вишок смрт (повеќе починати во споредба со  неколкугодишните просеци за одреден период). Меѓутоа, пандемијата заврши а вишокот остана. И тоа поголем отколку оној вишок кој го покоси ковидoт.  Експерти предупредуваат дека земјата се соочува со „катастрофа од иста пропорција на самата пандемија“.

Топ 50 организации на индустријата за цензурирање

Пред завршувањето на вториот мандат и предавањето на власта на Кенеди, Ајзенхауер држи говор во кој предупредува дека веќе во тој момент САД се оставени на милост на сила која ни тој не може да ја порази - за прв пат во историјата САД добиваат перманентна индустрија за производство на оружје.

Погребната плејлиста на Рјуичи Сакамото

Блиските на Рјуичи Сакамото, еден од најзначајните компзитори на денешнината кој после тригодишна борба со ракот почина минатиот месец на 71 година, деновиве решија да ја споделат музичката плејлиста која тој самиот ја има составувано за својот погреб. Го има тука Бах, Дебиси, Сати, Равел, но и Дејвид Силвијан, Мориконе...

Операција: Американка на доктор

40 пожарникари и 10 полицајци учествуваат во операцијата за пренесување на една 391 килограм тешка американска државјанка што живее во Франција, од нејзиниот дом до локалната болница.

Преку боледување, погача

Иан Клифорд е ИТ техничар вработен во ИБМ кој 15 години е на боледување. Сега Иан Клифорд го тужи ИБМ по основа на дискриминација дека сите овие 15 години додека е дома компанијата му ја нема кренато платата.

Германија ќе „увезува“ 250.000 Кенијци

Германија и Кенија се сред преговори да најдат начин како кениски работници да пополнат 250.000 работни места во германската индустрија за кои државата моментално не може да најде луѓе.

Во градите имаме микропластика. Од маските ли е?

Милијарди луѓе цели две години секојдневно дишеа воздух  преку пластичните влакна во маските за едократна употреба и по осум и повеќе часа. Затоа, да не се најде микропластика во белите дробови денес би било изненадување. Ова е потенцијална бомба за јавното здравје, велат доктори.

Смирноф побрза да се испере од транс-активисти

Како што една транс жена од Тексас почна по социјални мрежи да промовира платено партнерство со Смирноф, така компанијата зад познатата вотка инстантно негираше каков било договор или соработка со активистката.

Такер Карлсон се сели на Твитер

Две недели откако изненадно беше избркан од Фокс њуз, Такер Карлсон објави дека се враќа во програма и тоа исклучиво на Твитер. Во исто време, Маск објави дека немаат направено никаков ексклузивен договор со Карлсон и дека тој може да ја користи платформата како сите останати.

Швајцарија, одвратно

Во Швајцарија преку училиштата се работи на кампања за убедување на децата да јадат помалку чоколадо, а повеќе инсекти или барем производи од инсекти, пример крекери од скакулци.

Вештачката интелигенција почна да открива рак подобро од доктори

Доктори и научници создадоа модел на вештачка интелигенција кој може побрзо и поефикасно да открие рак отколку што тоа се прави со сегашните методи. Ова е важно затоа што и покрај сите постојни хемо и други терапии за спречување и лечење рак и понатаму најголем успех има неговото рано откривање.

Веројатно и Вајс ќе го изеде банкрот

Компанијата која беше прв онлајн медиум што успеа вистински да ги застраши востановените медиумски гиганти и во својот пик вредеше 5,7 милијарди долари, годинава се мачи да најде купувач и нов газда, заради што почна да се подготвува за отворање банкрот.

Најголемиот криминал против човештвото во историјата

Синтетизирајќи шокантни откритија од анализите на илјадници документи на „Фајзер“, д-р Наоми Волф (Јејл, Оксфорд) рече дека си имаме работа со монструми. „Нема шанса да се избегне заклучокот дека цел им е да ја пореметат човечката репродукција“, вели таа и додава „Тоа е биолошко оружје и ние сме нападнати.“

Затвора весникот што пишуваше за младиот талент Моцарт

После 320 години, престанува да излегува најстариот печатен дневен веник во Австрија и светот, Виенер Цајтунг, кој се одржуваше со пари од државни и јавни огласи. „Не ѝ е работа на владата да финансира дневен весник,“ порача Курц. Оди кажи им на нашиве кои, додуша, никогаш не штеделе на глупи и коруптивни цели.

Холивуд ја губи битката за Кина

Ако „меката моќ“ на Западот (музика, џинс и филмови) беше она што помогна да се сруши Советскиот сојуз во 1980-те, тогаш е малку веројатно дека Западот ќе може да се потпре на истото за битката против Кина.

Научиле папагали да комуницираат. Преку видео-чет.

Ако некој од ваша околина кој е технолошки индиспониран ви се пожали дека има проблеми да сфати „како функционира тоа Фејсбукот’, не се мачете многу околу него. Покажете му еднаш како тоа оди и потоа речете му папагалски да повторува после вас. Ќе научи.

Електричар што пие и пијан електричар не е исто

Шпанскиот суд одлучи дека компанија не смее да го отпушти својот вработен, инаку електричар, по основа дека бил пијан затоа што тоа не го докажала и покрај тоа што истиот бил виден како на ручек пие пиво и вино и бренди.

Се огласи Такер Карлсон

Поранешниот водител на Фокс го прекина неколкудневниот молк по раскинувањето со мрежата на која ѝ беше златна кокошка. „Америка заличи на еднопартиска држава“, вели Карлсон но порачува дека иако многу битки се изгубени, сè додека некаде може да се слушне вистината, надеж сè уште постои.

Ќе го замолчат ли Такер Карлсон?

Веројатно чиста коинциденција беше тоа што Фокс и Сиенен речиси истовремено отпуштија двајца свои битни фаци, Такер Карлсон и Дон Лемон. Вториов ретко кој го гледаше ама затоа заминувањето на Такер кој беше голем, битен и влијателен, и уште побитно, што ќе прави следно, е многу занимлив феномен.

279 лаги, за само една тема, од само еден медиум

Мат Таиби верувал дека со вреден тим умни хонорарци на кои ќе им се дадат различни области од „Твитер фајловите“, ќе биде лесно да се регистрираат сите мејнстрим вести кои (во светло на она што се дозна од фајловите) ќе треба денес да се повлечат или да се поправат. Успеале дури откако значајно си ги намалиле амбициите.

Вакцинирани, ви ѕвони ли во ушите?

Не постојат докази но меѓу истражувачите постои заинтересирност да ги испитаат масовните поплаки дека после вакцинирањето се добива тинитус, состојба во која човек слуша ѕвонење или зуење во ушите кое не доаѓа однадвор. На некои од посреќните им се слуша и музика.

Со нови дрвја против криминалот

Криминално проблематично предградие во Хјустон планира да насади едно чудо нови дрвја, надевајќи се дека сенките малку ќе ги подоладат зовриените глави кои прават бељи и неред.