Живот и забава

Елвис ова го нема слушано

Ова е една од последните снимки на Елвис Присли за која се претпоставува дека и самиот ја нема слушнато.

Со парите се претера

Иако повеќе од кој било друг направија Холивуд да се навлече на блокбастери, Стивен Спилберг и Џорџ Лукас сега сметаат дека ваквиот бизнис модел е неодржив.

Центар за странски јазици - Манчестер

Градот нема ни половина милион жители а на неговите улици можат да се слушнат 200 различни светски јазици.

Ги знаете ли Koana Islands?

Ако на ова прашање ви доаѓа да ни одговорите "Нормално, еднаш за малку и на одмор ќе уплатевме таму", тогаш, имаме проблем.

Џон Клиз против британските медиуми

Монтипајтоновецот ги поштеди само Гардиан, Индипендент и Деили Мирор.

Гугл нè гугла

Секој има право да верува дека неговиот меилови на Гугл ќе ја задржат приватноста. Само што, во тоа не верува Гугл.

 

Креативноста на лудите деспоти

Овојпат без нашите омилени ликови од екс-советскиот простор, неколку примери на државници чие лично "I have a dream" се претворал во кошмар за луѓето од тие земји.

Како отпушта генералниот на АОЛ

Првиот човек на американскиот комуникациски и медиумски гигант отпушти еден свој директор пред 1.000 други вработени. Му требаа едно 4 секунди.

Ни Шведска не е веќе раат

Дека наш човек може да покаже целосна емпатија кон судбината на далечните браќа Швеѓани зборува нашиот личен пример со следнава вест. Таа двапати не здоболе, и кога ја читавме и кога ја пишувавме.

Пол Ален издаде рок албум

Ко-основачот на Микрософт во средношколските деновите имал само две желби, да програмира и да свири гитара. На 60 години, му дошло време да си ја исполни втората желба. 

Како изгледа да ја поседуваш целата индустрија

Конкретно станува збор за индустријата за очила (сонце / диоптер), а компанијата што ја поседува оваа индустрија е многу веројатно дека никогаш не сте ја чуле и се вика - Луксотика.

Швајцарците не би да се расправаат ниту со своите

Затворските стражари во Швајцарија се сложни дека нема причина зошто би ги терале затворениците да престанат да пушат марихуана, кога и онака вака се сосема добри и нема потреба да ги вознемируваат.

"Лесно е да го родиш"

Во некои од американските кругови постои загриженост од фактот што фертилитетот на американската жена е на рекордно ниско ниво. Па паника што ќе стане со нацијата и слично. Разумните потсетуваат дека наместо за бројките, попаметно е да се води сметка за поддршка на постоечките семејства.

Откриена е дупка во веце шољите

Пред стариот добар чучавец се отвораат прекрасни перспективи и тој има историска шанса да ја победи доминантната веце шоља. Не од естететски или анатомски, туку од софтверски причини. Имено, досега никој не хакнал чучавец.

10 правила за менаџирање на вашиот пенис

Деновиве вестите од светот вклучуваат секстинг, вино, тостери, политичари и пениси, што покажува дека на некои мажи им треба тазе курс за тоа како да го држат својот пенис подалеку од проблеми, смета колумнистката на Гардијан. Ова се нејзините 10 правила.

Како да се расчистат скопските улици?

Планот е брутален но брилијантен и доаѓа од политичкиот врв на Њујорк: ако не си му платил на градот, нема ни да се возиш по неговите улици.

Сексот со бивши може и да е добар за вас

Без разлика на здравиот разум и не дека ве тераме, ама научниците заклучиле дека не е така лошо ако имате секс со вашиот поранешен партнер. Забелешка: ова е тестирано на возрасни.

Германците на фронт за одбрана на колбасите

Европската криза не беше тема околу која Германците се потресоа доволно за да излезат на улица, ниту пак шпионирањето од Американците не ги вознемири доволно за да се помрднат, сега некој реши да си ја проба среќата и да им ги закача колбасите.

Во царството на музичките сетила

Отворена е приватната колекција плочи на британскиот Драган Б (со точка) Костиќ и организаторите на идејата се одушевени од реакциите. А кој не би сакал да буричка по домашните 25.000 илјади винили на легенда како Џон Пил?

Зошто сакаме музика?

Има причина зошто сакаме тажна музика, исто како што има причина зошто сакаме весела музика или глупа музика, прашањето е како сме еволуирале воопшто да сакаме музика.

Каде е Мили Ванили?

Што во 2013-та прави човек кој во 90-тите беше осрамотен откако беше откриено дека со другар му само отвораат уста наместо да пеат? Го прави она што му е најсигурно  - електронска денс музика.

Мажи, па и не мора

Жените се уверени дека мажите не ги бива за ништо, ама сепак ги чуваат по дома бидејќи ќе се најдат за една, две работи.

Фабирате ли вие?

Ништо страшно ако не сте слушнале за болеста на 21-от век наречена фабинг (phubbing), бидејќи терминот постои само еден месец. А се однесува на сите пациенти кои претеруваат со мобилните.

Голема распродажба на американските весници

Откако по багателна сума беше даден Бостон Глоуб (за 6 проценти од цената по која беше купен), сопственоста ја промени уште една икона на американскиот медиумски простор, Вашингтон Пост, штотуку купен од првиот човек на Амазон. Џеф Безос не знае што ќе прави со него, ама му се експериментира.