Во извештај од Наполи се објаснува дека младите го решаваат проблемот со локација за секс, во автомобил или во некоја од темните улички низ градот.
Иако целата работа веќе е претворена во пракса, главниот проблем не доаѓа од градските власти, туку од градските арамии кои се почесто ги ограбуваат младите парови кои се кријат по градот.
За да им се најдат на своите граѓани локалните власти решаваат да оформат Парк на љубовта, во кои паровите ќе можат да паркираат без да ризикуваат да бидат ограбени. Освен паркираните автомобили паркот почна да собира и десетици улични продавачи, кои тука успеваат да развијат цел бизнис.