Марина Абрамовиќ да се пензионира

Оние кои стојат зад ваквата акција не ја потценуваат пионерската улога на Марина Абрамовиќ во светот на уметничкиот перформанс. Само мислат дека е крајно време малку да (нè) олабави.

Слично како Жижек меѓу филозофите, Марина Абрамовиќ е уметник со статус на поп ѕвезда чија популарност се прелева надвор од сегментот на кој е посветена. Ја има на црвени теписи, во видео спотови на пеачки ѕвезди, радо виџена е на ток шоу емисии и елитни модни ревии...

Тоа е статус кој со себе секогаш повлеквит и критичари на кои не им е симпатична таквата сеприсутност. Вео нејзиниот случај нив ги обединува извесен Скот Индришек кој го води тумблр акаунтот "Стоп за Марина Абрамовиќ" и во тоа име собира донации преку пејпал.

"Не го потценувам нејзиното влијание но таа е дефиниција за недостаток на хумор. Имам впечаток дека и Исус бил поскромен. Тој сигурно не би направил претерана, помпезна и прескапа опера со која сам себе се слави," вели активистот.

Собраните пари планира да ги даде на истражување на леукемија.

31 октомври 2013 - 08:58