Рускиот режисер Иља Кржановски, Брајан Ино, Марина Абрамовиќ и Масив Атак ќе постават огромна уметничка инсталација - реплика на Берлинскиот ѕид, симулирајќи како изгледало да живееш обиколен од него.
Славната уметница стана жешка медиумска тема откако нејзиното име се појави меѓу „истечените“ мејлови на Џон Подеста, шефот на претседателската кампања на Хилари Клинтон. Спорниот мејл е покана за вечера во организација на Абрамовиќ, наречена „Готвење на духот“ (Spirit Cooking). Нормално, кога е во прашање таа, ова не звучи како на менито да имало сарма.
Во 2010 ги гледавме како во МоМА седат еден карши друг со солзи во очите (и нашите и нивните), веројатно потсетувајќи се на младоста и на страсната љубов. Пет години подоцна нивни застапници повторно седнаа еден наспроти друг, но овој пат на суд. Деновиве судот донесе и одлука.
Лиса Леви е сликарка, концептуален уметник, комичарка и самопрогласен психотерапевт. Нејзиниот најнов проект - седење два дена на клозетска шоља, како форма на протест против сето срање во современата уметност.
Од денес, 7.12, па до 19 декември во Park Avenue Armory, историска зграда во Њујорк, ќе се изведуваат „Голдбергови варијации" на Бах. На пијано, руско-германскиот музичар Игор Левит. Мастермајндот позади сцената - Марина Абрамовиќ.
Улај (Франк Уве Лаизипен) и Марина Абрамовиќ повеќе од 10 години беа партнери, во животот и во уметноста. После цела таа љубов, моменталниот статус им е - треба да се видиме на суд за некои пари.
Слично како и во „Уметникот е присутен“, и тука таа ќе биде затворена во галерија со денови, среќавајќи се со публиката. Но овој пат без предмети и електронски апарати, за комуникацијата да биде поинтимна. Ја замисливме во Музејот на националната борба, како се обидува да извлече солза од восочните фигури.
Оние кои стојат зад ваквата акција не ја потценуваат пионерската улога на Марина Абрамовиќ во светот на уметничкиот перформанс. Само мислат дека е крајно време малку да (нè) олабави.
Новиот спот за песната „Пикасо бејби" на Џеј-зи се снимаше оваа недела, во институција која не ви паѓа прва на памет кога станува збор за хип-хопот - Музејот на модерна уметност во Њујорк. Еве една анализа како би можел да биде протолкуван овој настан, и зошто тој е важен.