Абрамовиќ нарача на денот да бидат закопани три Марини (една вистинска и две лажни) во Белград, Амстердам и Њујорк, со тоа што крајната локација на гробот останува тајна.
Таа им фати сеир на присутните дека од нив ќе бара да бидат облечени во нејзината црна боја "како бубашваби," а таа ќе инсистира да биде во цветни бои. Иако уште нема договорено, таа најави дека сака "Ентони од Ентони и Џонсонс да и ја испее 'My way'."
Планот го најави за време на говор во Сиднеј, по повод нејзиниот 12-дневен перформанс за Калдор Паблик Арт Проџектс. По нејзини зборови "уметник треба да умре свесно и без страв" и "погребот е последното дело на уметникот пред неговото заминување."
Дечково не знаеме дали ќе биде поканет.