Во поканата од јуни 2015, испратена до Џон Подеста, таа всушност на вечерата го кани неговиот брат, Тони, познат американски лобист, кој е и пријателски многу близок со Барак Обама, и се смета за еден од најјаките „играчи“ во Вашингтон.
Името на настанот веднаш го прилече вниманието на десничарските теоретичари на завера, кои копајќи по интернет наишле на јутјуб снимка од истиот перформанс од 1997, во кој Абрамовиќ со крв испишува по ѕидови различни „рецепти“, меѓу кои и такви чии главни состојки се мајчино млеко и сперма. Тоа за нив веднаш значеше дека „Готвењето на духот“ е всушност сатанистички ритуал, во стилот на еден Алистер Кроули. На снимката (долу, ако баш ви се гледа) Абрамовиќ истовремено со крв заплиснува антропоморфни фигурини од восок, вообичаени реквизити за вуду магија.
Во републиканските кругови мејлот е оценет како „едно од највознемирувачките откритија на ВикиЛикс до денес“, кое само потврдува зошто агентите на Еф-би-ај ја сметаат Хилари за „персонификација на антихристот“.
Абрамовиќ навистина знае да си игра со елементи на сатанизам, на пример кога во 2014 се сликаше за украинскиот „Вог“ со одрана глава на јарец, кој претставува симбол на Сатанистичката црква. Исто така, постои и контроверзна снимка на Лејди Гага, во кој таа трча гола по ливада со рогови на глава, и сето тоа под надзор на нејзиниот гуру - Марина.
Пообичното толкување на поканата од ова сатанистичкото е она кое вели дека Абрамовиќ била само практична, и на вечера/перформанс го поканила Подеста пред сè затоа што тој е познат колекционер на уметнички дела, со дебел џеб. А кој знае, можеби таа и знаела дека мејлот некогаш ќе протече, па ќе се најде во жижата на вниманието, што и се случи кога во петокот, кога се појави веста, #SpiritCooking беше најпопуларниот хаштаг на Твитер речиси цел ден.
Нејзината официјална реакција сепак беше дека таа е шокирана од вадењето од контекст на нејзината покана, која била за сосема обична вечера, без крв и сперми. „Светов стварно се претвора во пекол“, изјавила таа, чудејќи им се на паметот на оние кои ја нарекуваат вештерка.