Забелешката на Улај е дека Абрамовиќ го има избришано од делата кои заедно ги работеле, и дека повеќе од 16 години не му плаќа пари за заедничките уметнички дела.
По крајот на сите романтики, двајцата, преку нивните асистенти, се договараат дека Марина може да ги продава делата што заедно ги изработиле, меѓутоа 20% од профитот е за Улај, и за секоја продажба тој мора да биде информиран.
Улај тврди дека таа го има прекршено договорот, и дека до сега добил "изненадувачки малку пари" нешто помалку од половина од тоа што го заслужувал. Неговата пресметка е дека за ова време, му се исплатени околу 31.000 евра, иако речиси секое нивно дело се продава за 6-цифрени суми.
Недоразбирањето е во тоа што Марина тврди дека договорот е тој да добива 20% од нејзините 30% профит, што во основа е околу 6% од парите за кои е продадено некое дело.
По нивното раскинување во 1988-ма, кариерата на Абрамовиќ е во постојан раст и моментално е веројатно светски најпознатиот перформанс уметник.
Меѓу бројните уметнички дела што ги имаат додека се заедно е и нивното раскинување. Во 1988-ма двајцата тргаат од спротивните краеви на кинескиот ѕид и се среќаваат на средина за да си кажат збогум. По ова тие повеќе никогаш не разговараат. Еден од највпечатливите моменти кои мнозинството од популацијата го идентификуваат со овие двајца е перформансот на Абрамовиќ во МОМА од 2010-та, каде посетителите со часови чекаат во ред за да седнат на маса карши неа и молчејќи да се гледаат во очи. Еден од тие што чекаа и седнаа беше токму Улај.