Што шмркаат глумците?

Не е во прашање приватно, туку се однесува на тоа со што се дрогираат службено, на сцена, за време на снимање филм или серија.

Не постои еден универзален рецепт, туку најчесто се експериментира или се пробува некој од рецептите што се раширени во бизнисот. На пример, кај кокаинот рецептот зависи од тоа дали прашокот е само за снимање или некој треба да го шмрка.

Па така ако е за снимање или ефект, кокаинот се прави од бело брашно, помешано со пудра за бебиња (бидејќи само по себе тоа е тешко). Сепак ако треба да се снима шмркањето, тогаш се користи млеко во прав, кој не му пречи премногу на организмот. За оние што се нетолерантни на лактоза се користи витамин Б во прав.

Бидејќи премногу сцени со шмркање можат да предизвикаат запек кај глумците, во тој случај се користат трикови како мачкање на внатрешноста на цевчето со вазелин. Во оваа ситуација најголемиот дел од прашокот се лепи на цевката, пишува Њујорк Пост.

И за хероин се користи млеко во прав, на кое му се додава витаминскиот прашок Иноситол. Рецептот се разликува ако смесата треба да се вари.

Парчињата крак се прават со капнување лепак во сода бикарбона, додека печурките се вистински замрзнати печурки. Што се однесува до екстазито тоа се само шеќерни бонбони направени во соодветен облик.

24 октомври 2013 - 19:23