Сумата е збирна и за печатените и за дигиталните реклами. На неа треба да се додаде сумата заработена од продажба на весникот и претплата на дигиталното издание.
Она што е страшно околу бројките на Тајмс, е тоа што на овој весник моментално му оди најдобро (или е во самиот врв по заработувачката) во целата индустрија.
Ова беше 12-от последователен квартал на Њујорк Тајмс со пад на приходите од реклами, а како ретко кога во историјата на 162 години стариот весник, најголемиот дел од приходите доаѓаат од читателите а не од маркетингот.
За споредба, во 2000-та Њујорк Тајмс заработуваше 1,3 милијарди долари од реклами. За минатата година оваа сума падна на 711 милиони долари.
Намалувањето на приходите, значи и намалување на буџетот на одделот за продажба на реклами. Па така според одредени извори, некои тимови за продажба годинава располагаат со буџет од само 0,1% од парите што ќе ги донесат. Односно, ако заработат 60 милиони долари, тие имаат на располагање буџет од само 60.000 долари.