Една третина од вкупната американска популација вестите ги добива преку Фејсбук, меѓутоа клучното е што до нив стига сосема случајно, кога се на социјалната мрежа по сосема други основи.
Добрата работа за медиумите е што луѓето кои ги читаат вестите на Фејсбук генерално се поактивни на социјалната мрежа, минуваат повеќе време на Фејсбук, лајкуваат и почесто коментираат на статуси и постови.
Друга предност на Фејсбук за новинарите е што мрежата е важен извор на вести за половина од испитаниците кои генерално не следат вести, споредено со 38% од луѓето кои редовно ги следат вестите, покажува анализата на Пју центарот за истражување.