20 стапки од славата

Најчесто се девојки, најчесто имаат одличен глас и најчесто никој (надвор од екипата) нема поим кои се тие. Сега еден документарец ги седнува Џегер, Спрингстин и компанија, да зборуваат за луѓето што им чуваат грб.

Спрингстин, кој често пати ги користи пратечките вокали, ја нарекува професијата "непризнаена позиција... (од каде) исчекорувањето во преден план е комплицирано."

Во документарецот се разговара со поранешни пратечки вокали, кај кои по заминувањето од сцената "работите толку се влошиле, што тие морале да почнат да чистат куќи." Добар дел од овие девојки биле и злоупотребувани и искористувани од музичките продуценти како Фил Спектор, кои се погрижиле нивните обиди во соло кариера да бидат не успешни.

Тука се споменуваат и позитивните примери на пратечки вокали кои станале пејачи, како Лутер Вадрос (кој бил бекап на Дејвид Боуви), Шерил Кроу (која пеела со Мајкл Џексон), Витни Хјустон, Дидо...

 

29 октомври 2013 - 14:34