2013-та, година на 404 и Fail

Аналитичарите на зборови од Global Language Monitor следеа кои зборови најдобро ќе го отсликаат муабетот во англиското говорно подрачје. На кратко, 2013-та е технички и политички проблематична година.

Топ збор за 2013-та е "404" - код за една од грешките заради која е недостапна одредена веб страна. Веднаш зад него со многу мала разлика е "fail," а трето место е "хаштаг." Првите пет ги комплетираат "@pontifex" и "optic".

"Неодамнешниот дебакл на ОбамаКеар во САД е само репрезентативен пример за многу поширок системски неуспех, од политичкото блокирање на американската влада, до падот на доларот и глобалната мрежа на интриги и следење од НСА, како и несигурностите во врска со Европската Унија, и постојната интеграција на Кина и останатите растечки економии, како Индија и Бразил, во глобалниот економски систем," изјавил претседателот и главниот аналитичар на Global Language Monitor.

Организацијата ранкот на зборовите го вади според тоа колку тие биле користени во печатот, онлајн медиумите, блоговите и социјалните мрежи во англиското говорно подрачје, кое брои околу 1,8 милијарди луѓе.

Главна тема меѓу останатите зборови со висок ранг биле проблемите во американската политика: "surveillance," "deficit," "filibuster," "deadlock," и "stalemate." А топ три фрази на годината се: "Toxic politics," "federal shutdown," и "global warming/climate change."

11 ноември 2013 - 11:39