Најстарото дете минува најтешко заради тоа што родителите на него вежбаат строгост, за помалите деца да не се опуштаат.
"Родителите кои не простуваат лоши резултати на училиште ќе го казнат секое дете без разлика на неговата возраст. Од друга страна, родителите кои генерално простуваат лоши резултати, за да не изгледаат како беспомошни пред помалите деца тие се строги со најстарото. Помалите кога ќе видат дека постариот брат или сестра се казнети, помалку е веројатно да забушаваат. Вложуваш најмногу енергија во првороденото, обидувајќи се да наметнеш ниво за сите," објаснува професорот од универзитетот Дјук, В. Јозеф Хотз.
Во истражувањето на Хотз и уште еден професор, се анализирани податоци од истражување за млади кои се собираат од 1979-та. Тие откриваат поврзаност меѓу перцепцијата на мајката за успехот на детето и неговиот стварен успех. На прашањето во која група (во рамки на одделението) се наоѓа вашето дете според успехот, мајките за 34% од првородените одговориле дека се во највисоката група, кај децата кои не се најстари просекот бил помал.
Сепак дополнителната анализа им го потврдила заклучокот околу поврзаноста меѓу тоа кои по ред се родени и успехот на училиштето. Најстарите деца било многу поверојатно да ги надгледуваат помалите за време на домашните задачи, додека тие своевремено биле "пазени" од родителите.
"Нашите истражувања покажаа дека е важно како родителите ја воспоставуваат дисциплината и приоритетите кога нивните деца се млади. Нашите резултати силно покажуваат дека подобрите резултати на училиште кај првородените и послабите резултати кај подоцнежните деца се последица на различно однесување на родителите," пишува Хотз за Слејт магазинот.