Најмоќната зграда во Њујорк

Името го добива заради луѓето кои до сега живеле во неа, меѓу кои се Џон Рокфелер, градежникот Вилијам Зекендорф (сопственик на Астор хотелот и Крајслер зградата), Вера Ванг, и заради условите кои треба да се исполнат за таму да ти биде адресат.

За да бидеш станар на зградата на Авенијата Парк бр. 740, прво потребно е да покажеш дека имаш 100 милиони долари во кеш. Инаку таа се смета за зграда со најголема концентрација на милијардери во САД.

"Дизајнирана од Росарио Кандела и обвиена со едноставна фасада, 740 на прв поглед изгледа дискретно. Славниот архитект имаше сфатено дека богатството е нешто што го поседуваш, а не што го парадираш," се објаснува во репортажата од Ванити Феир.

Самиот објект е изграден во 1929-та од Џејмс Т. Ли, дедото на Џеки Кенеди Оназис (која е израсната тука). Зградата има 19 катови, со 31 стан од кои најголемиот дел се на два ката.

25 октомври 2013 - 17:16