Живот и забава

Кој е најдобриот бенд во живо во светот

Ролинг Стоун собира панел од новинари, луѓе од музичката индустрија и музичари, кои треба да кажат кој според нив прави најдобри концерти во моментов. Шефот владее со светот.

Тешко е да снимиш добар албум додека жена ти спие на спрат

Драго ми е што и понатаму си свири за душа. За жал, притоа се снима, снимките ги објавува, а само наглув може тоа да го нарече нов албум.

Грдите колеги први за малтретирање

Не е дека лично не ги сакаат туку многу е поверојатно, па дури и несвесно, на работа повеќе да бидат малтретирани помалку атрактивните вработени.

Шерпаси за кафана

Внимание: Редакцијата не ја превзема одговорноста доколку читањето на оваа статија направи да се чувствувате како да сте го нашле својот животен позив.

Дали Папата е католик?

Комплетната светска јавност е истовремено вчудовидена и воодушевена од геј-френдли изјавата што Папата Францис ја даде на своето враќање од Бразил: "Ако човек е геј и е во потрага по Бога и има добра волја, тогаш кој сум јас да му судам? Тие не треба да бидат маргинализирани. Тие се наши браќа." Три размислувања на оваа тема.

5 од најскапите места за ноќевање низ светот

Дури и кога би имале пари како што немаме, пак би имало место каде да ги потрошиме. Секако додека тоа не се оствари, фино е човек да има букмаркси за трошење многу пари.

Во кои професии има најмногу психопати

Ако видите некаде дека седат директор на фирма, адвокат и човек од медиум - заобиколете го друштвото.

Филмски препораки од Кјубрик и Спајк Ли

Стенли Кјубрик со 10 стари филмови, а Спајк Ли со листа од 100 филмови која досега им ја давал само на своите студенти.

Копачите, Амазон издание

Компанијата Амазон секоја една минута има нарачки во вредност од 83 илјади долари, и за сите нив се грижат нешто помалку од 100.000 луѓе вработени (платата е 11 долари на час) во нивните центри за дистрибуција. Сето ова се одвива со роботска прецизност, ова е сведоштво на еден нивен вработен.

Сме виделе, ок е

Конгресменот Ентони Винер ги упропасти своите шанси како можен градоначалник на Њујорк само заради навиката за секс-чет и желбата да испраќа голи фотки од себе на женските со кои се закача. Експертот Аурора Сноу пишува за таа чудна навика на мажите да си ги сликаат тоа куроите и да им ги испраќаат на женски.

Хакираме човечки срца

5 дена минаа од чудната смрт на 35 годишниот хакер Џек Барнаби а се уште нема никаква официјална изјава за причините. Чудна затоа што Барнаби умре кога требаше на јавноста да и објасни како може да се хакира срцев пејсмејкер. Ова е последното интервју со него.

Кој сум јас да им судам

Запрашан за неговиот став околу геј свештениците, Папата Францис им одговори на новинарите со вечните зборови на Оливер Драгојевиќ.

Зошто сите нови филмови се продолженија или римејк

Во 2004-та е премиерата на Шрек 2, филм кој комплетно ќе го измени размислувањето на филмските студија за тоа како се прават пари.

Туширајте се со студена вода

Препораката не е за млака вода или рачката едвај да ја има минато средината, туку ако може да биде залепена на - ладно.

Не паничете, ама на Игра на тронови полека им снемува приказна

Целата Игра на тронови е базирана на серијалот книги Песна на мразот и огнот, напишани од Џорџ Р. Р. Мартин. И сето тоа убаво функционира освен што серијалот до сега има 5 книги, а за приказната да биде завршена фалат уште цели 2, за кои уште никој не знае до каде е Мартин со пишување.

Даноци кои завршуваат со мамурлук

За сите мудреци кои веруваат дека една од мерките за создавање на НОВИОТ човек е зголемување на даноците на алкохолот затоа што на тој начин тој ќе им стане помалку достапен на луѓето, еден течен пример од Русија.

Каде одмoраат луѓето што ги имаат сите пари на светот

Заедничко за речиси сите компјутерски милијардери е што комплетно не се заинтересирани за одење во хотел, многу повеќе имаат мерак на викендичка. Барем оние што веќе немаат цел остров.

Како функционираат Твитер оргиите (во Британија)

Твитер се претвора во еден од претпочитаните медиуми за промовирање и организирање на бизнисот со сексуални забави во Британија, објавуваат тамошните медиуми кои детално ја провериле целата работа.

Лустрација на Вајат Ерп

Вајат Ерп е еден од најиконичните американски делии: ја зема правдата во една, пиштолот во друга рака и оди да го тепа олошот. Сè е тоа фино само што - нема врска.

Мажот што сака да ги учи жените како да одат на штикли

Затоа што му е жал да гледа како девојките се измачуваат да одат по нерамни тротоари, преку шахти или издупчени улици, дизајнер од Њујорк зема на сопствена одговорност да ги учи жените како да одат на високо.

Зошто сме мрзи во лето

Не само што летно време се намалува нашата продуктивност затоа што едноставно сакаме ништо да не правиме, туку во овој период нашиот мозок буквално овенува.

Саша Барон Коен се откажа од Фреди Меркјури

Британскиот актер одлучи да си замина од проектот за биографски филм за пејачот на Квин заради креативни разлики. Конкретно, останатите членови на Квин сакале филмот да биде класификуван во категорија достапна за деца.

Јакузата и неговото неонско Ламборџини

Неколку години Лук Хаксман снима кратки документарци низ Јапонија, откако пред 6 години пристигнува во земјата без да знае јапонски или да прави филмови. Сега решава да им се посвети на момци од јакузата и нивните супер автомобили.

Пoлноќ на авторските права

Вуди Ален и Сони мораа судски да докажуваат дека не ги повредиле авторските права на Вилијам Фокнер (умрен пред пола век) затоа што употребиле негов цитат во филм. Колку е таа ситуација со авторските права забегана говори и фактот дека ослободителната судска пресуда морала да биде образложена на цели 17 страници.