Без разлика како одговарале, причините за секс на анкетираните во истражувањето на Универзитетот на Торонто на крај можеле да се сведат на две категории: пристап и избегнување.
Пристапот се однесува на ситуации кога партнерот сака некаков позитивен резултат, како зголемување на интимноста со партнерот или желбата да се чувствуваш поблизок до партнерот. Избегнувањето пак е мотивирано од желбата да се избегне лошиот исход, ситуации како - не сакам да се расправам или не сакам да чувствувам вина.
Секоја од овие категории, има две идентични под категории: мотивации фокусирани на себе и мотивации фокусирани на партнерот. Од овие две, најголемо влијание имаат одлуките кои се фокусирани на партнерот.
Во првата од двете студии 108 парови (кои уште не биле во брак) секој ден пополнувале прашалник во период од две недели. Деновите кога имале секс, секој од партнерите требало да одговори на 26 прашања за своите мотиви, плус дента колку биле задоволни од врската, од сексот и колкав нагон имале.
Излегло дека на деновите кога кај луѓето мотивација за секс е попозитивна (првата категорија), тој или таа биле позадоволни (и од врската и од сексот што го имале) и имаме поголема желба за секс. Спротивно, во деновите кога некој од двајцата бил мотивиран за секс од негативните причини, тој или таа се чувствувале помалку задоволни и имале помала желба. Како бонус на ова е што во позитивните денови расположението влијаело и на задоволството на партнерот. Резултатите биле идентични и кај двата пола.
Во второто истражување биле анкетирани луѓе со многу посериозен стаж, кои веќе биле во брак. Резултатите биле исти како оние од првата студија, и тие не се менувале значително без разлика колку време траел бракот.
Прашањето кое пробуваат да го решат од Вол Стрит Журнал е дали е подобро да се има секс од негативни причини (избегнување) или воопшто да се нема, бидејќи каков и да е, сексот генерално го подобрил расположението кај партнерите. Секако долгорочно сексот со негативна мотивација ќе создаде други проблеми.
"Освен ако сексот не е максимално мотивиран од избегнување, тогаш може да е ОК во моментот. Меѓутоа дефинитивно добиваш многу повеќе бенефити од позитивната мотивација," објаснува докторката Ејми Мујс, која го предводела истражувањето.