Во Амазон најголема паника се крева ако некој вработен од првиот човек на фирмата Џеф Безос добие прашалник.
А токму такви праќа.
Со еден единствен знак од него:
?
А под прашалнико проблемот кој го увидел или го препраќа. Кога вработен ќе добие ваков меил, има малку време да го среди и низ хиерахријата да проследи темелно објасување како дошло до проблемот и како е среден.
На овој начин, Безос ги држи вработените под постојан притисок да ги решаваат проблемит на своите милини корисници и да им бидат секогаш при рака.
А знае да биде и незгоден. Доста незгоден. Кога е изнервиран, веднаш оди со сарказам, прецизен и убитачен.
Избор од некои негови цитати кажани кон некој од вработените:
- Ти си мрзлив или само не те бива?
- Извини, ги земав ли јас денес апчињата за глупоќа?
- Треба ли да ви извадам сертификат дека јс сум ЦЕО за да престанете да се сомневате во тоа?
- (откако го разгледал планот на одделот за набавки) Изгледа одделот за набавки не планира да прави ништо интересно следната година.
- (откако прочитал запсник од состанок) Овој документ очигледно го правела некоја Б екипа. Може да ми го набавите А тимот и да не ми го трошите времето?
- (по презентација на инжинер во Амазон) Зошто ми го трошиш животот?
Оние што сведочеле за него во книгата велат дека најмногу од сè боли тоа што Безос, и кога вреѓа, е во право.