Таг: Вашингтон Пост

Вашингтон пост само годинава ќе биде 100 милиони долари во минус

Една деценија откако Џеф Безос го купи Вашингтон пост, весникот во 2023 се очекува да изгуби околу 100 милиони долари. Безос во 2013 го купи Пост за 250 милиони долари.

Нема пари во медиуми, а ни мерак

На најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, му се смачи да се мафта со тој еден медиум што го има, Вашингтон пост, и реши да го продава. Парите му требаат за поинтересни работи кај што нема да треба да си ја лупа главата со новинари, ќе купува НФЛ клуб.

Вашингтон пост ја с'ска Америка

Неделава САД покажа дека може да се справи со Кина и со Русија во исто време, без да почне нови војни или да изгуби некоја од постојните битки, пишува Џош Рогин во својата колумна во Вашингтон пост под наслов „Скептиците не се во право: САД можат да се конфронтираат и со Кина и Русија.“

Демократијата умира во глупоќа

Пред десетина дена еден од столбовите на слободниот говор и размислување, Вашингтон пост, по итна постапка суспендираше еден од своите најдобри новинари затоа што ретвитнал виц. Серија твитови подоцна и ВП ја отпушти и новинарката што го накодоши колегата.

Вашингтон пост суспендираше новинар заради ретвит на виц

„Секоја девојка е ’би’. Само треба да откриеш дали тоа е ’поларна’ или ’сексуална’“ е твитот што беше доволно неподнослив за Вашингтон пост, за новинарот Дејвид Вајгел, со 8-годишен стаж во весникот, да биде суспендиран заради него.

„Пост“ (The Post, 2017)

Oд моментот кога Спилберг го прочитал сценариото, до премиерата, поминало помалку од една година. Итноста на темата, за републикански претседател кој води војна со медиумите, ги мотивирало сите во екипата не само да побрзаат, туку и одлично да ја завршат работата. 

Чевличката на Пепелашка и други аналогии: нов речник на технолошки жаргон

„Енкрипција“, „анонимизација“, „машинско учење“, „нет неутралност“...Технолошкиот жаргон знае да биде комплициран за оние вон ваквите професии, на кои тие треба да им бидат објаснети како на петгодишно дете. На пример - со аналогии.

Новинарскиот куршлус во Вашингтон Пост

Сред аферата со можната руска вмешаност во американските избори, Вашингтон Пост пушта многу посериозна вест: не само изборите, Русите успеале да ја хакираат цела електрична мрежа во САД! По сите параметри, вест која на угледниот медиум би можела да му донесе уште еден Пулицер. Само што, нема везе.

Интервјуто на Вашингтон Пост со Доналд Трамп

Уредничкиот борд на Вашингтон Пост го покани Трамп на разговор кај нив во редакција. Трамп, наспроти целиот муабет што го врти околу Пост (го напаѓале, биле нефер кон него), ја прифаќа поканата.

Зошто Безос го купи Вашингтон Пост

Човекот кој направи милијарди растурајќи ја индустријата за објавување книги, минатата година одлучи да го купи Вашингтон пост, еден од најстарите американски весници. По негови зборови, никогаш не ни помислувал дека сака да има весник.

Кога Безос е без осет

Првиот човек на Амазон и Вашингтон Пост е еден од најуникатните претприемачи на денешницата. Книга за него во која само тој не е интервјуиран, открива интересни детали за неговиот стил на менаџирање.

Голема распродажба на американските весници

Откако по багателна сума беше даден Бостон Глоуб (за 6 проценти од цената по која беше купен), сопственоста ја промени уште една икона на американскиот медиумски простор, Вашингтон Пост, штотуку купен од првиот човек на Амазон. Џеф Безос не знае што ќе прави со него, ама му се експериментира.