Интервјуто на Вашингтон Пост со Доналд Трамп

Уредничкиот борд на Вашингтон Пост го покани Трамп на разговор кај нив во редакција. Трамп, наспроти целиот муабет што го врти околу Пост (го напаѓале, биле нефер кон него), ја прифаќа поканата.

Интервјуто трае нешто повеќе од еден час, а Трамп придружен со својот портпарол одговара на прашања од неколку уредници и новинари.

Зборувајќи за ситуацијата со ИСИС, едно од прашањата за Трамп е дали би употребил нуклеарна бомба против нив, на што тој одговара дека не би сакал да почне "користење нуклеарки," по што некако успева да ја промени темата.

Наспроти краткиот одговор околу нуклеарките, од транскриптот на интервјуто се гледа дека Трамп потрошил 550 збора и неколку минути разговор бранејќи ја големината на своите раце.

"Доналд Трамп долго време има вежбано избегнување на одговарање прашања од медиумите, и во разговорот со уредништвото на Вашингтон Пост, тој даде многу малку конкретни одговори. Тој ги одбиваше сериозните прашања, како она за справувањето со ИСИС правејќи споредба со досегашната кампања и потоа комплетно вртејќи ја темата. Спектакуларно.

А да, исто така се жалеше и за тоа како Пост го пренесува него. 'Никогаш не ми се јавуваат. Никогаш не ми се јавил за да прашаат - Зошто го правиш ова? или Зошто го направи она? Како да сум некое ужасно човечко суштество. А не сум,'" пишува Филип Бамп од Пост во краткиот преглед на интервјуто.


Видео од комплетното интервју:

Ако ви се чита, транскриптот е тука.