Бројот на дигитални претплатници на Пост во 2020 го достигнува пикот од 3 милиони претплати и од тогаш само паѓа до денешните околу 2,5 милиони. Во исто време ова е и последната година од власта на Трамп, кој беше главна тема, доведена до опсесија, за медиумот.
Освен претплатниците извештаите на медиумот покажуваат дека годинава нема да бидат исполнети предвидувањата за приходи од реклами.
Наводно од купувањето ентузијазмот на Безос околу весникот полека опаѓал но од јануари тој повторно почнал да покажува интерес. Њујорк тајмс пишува дека во Пост има сериозен проблем со моралот, што во најголем дел потекнува од погрешните одлуки на првиот човек на весникот, Фред Рајан, кој во јуни си замина по 13 години стаж.
Луѓе запознаени со ситуацијата објаснуваат дека отпуштањето на 68-годишниот Рајан било изненадување и е сосема возможно дека одлуката била директно од Безос за да може да донесе помладо раководство во весникот.