Во вторникот, на една конференција Безос признава дека нема поим од бизнисот со весници, и не му било јасно зошто тогашниот претседател и ЦЕО на Вашингтон пост, токму нему му се обратил со понуда за весникот.
"Минав неколку порти пред да решам да го купам Пост. Дали е безнадежно? Затоа што не сакав да го купам ако е така. Интернетот радикално ги промени традиционалните весници. Светот е комплетно променет, а огласувачите имаат еден тон опции за тоа како локално да стигнат до луѓето," објаснил Безос.
На страна кадровските промени и штедењето, Безос верува дека весникот (кој според него е национална институција), со негова помош, знаењето и ресурсите што ги има од Амазон, може да биде воведен во дигиталното доба.
"Не знаев ништо за бизнисот со весници, ама знам по нешто за интернетот. Ова комбинирано со финансиската поддршка која можам да ја пружам, е причина зошто го купив Пост," изјавил Безос, кој лани за весникот плати 250 милиони долари.
За почеток тие направија Киндл апликација за весникот, преку која тој 6 месеци ќе им биде комплетно бесплатен на сите сопственици на Киндл фајр, а идните 6 месеци ќе чини 1 долар (за пола година).