Ова треба да ги стиши двата актуелни но погрешни ставови: сфаќањето кај десницата дека мора да попуштиме кај Русија за да се спротивставиме на Кина, и сфаќањето меѓу левицата дека мора да попуштиме кај Кина за да и се спротивставиме на Русија. Ова е лажен избор - бидејќи сето тоа е еден судир.
И покрај длабоката скептичност меѓу американскиот народ за интервенција во странство, лидерите на двете партии изгледа разбираат дека САД има должност и интерес да практикува активно лидерство и да притисне против американските противници и во Европа и во Азија.
„Нема да ја победиме Кина со тоа што ќе се повлечеме од остатокот од светот. Ќе ја победиме Кина со тоа што ќе застанеме со нашите сојузници против нашите непријатели,“ порача сенаторот Тед Круз пред да гласа за проширување на НАТО.
Круз одговараше на аргументите од сопартиецот Џош Ховли, единствениот сенатор кој гласаше против проширување на НАТО. Во колумна во Нешнл интрест, Ховли напиша: „Мораме помалку да правиме во Европа (и на други места) за да ги приоретизираме Кина и Азија.“ Тој изјави дека САД мораат да донесат тешки одлуки затоа што „не можат да ги поразат Кина и Русија во две големи војни во исто време.“
Ховли е дел од растечки тренд во надворешната политика кој сака да го оправда намалувањето на притисокот врз Москва. Конференцијата за конзервативна политичка акција, по пречека руски-наклонетиот унгарски премиер Виктор Орбан на настанот што го организираше. Херитиџ фондацијата, некогаш бастион на традиционално агресивната републиканска надворешна политика, во мај се спротивстави на американското финансирање за Украина, главно заради тоа кој таму ќе полага одговорност.
Меѓутоа гласањето за НАТО покажува дека најголемиот дел од раководството на републиканците разбира дека помека позиција околу Русија ниту е добра пракса ниту е добра политика. Шест од 10 Американци го поддржуваат давањето оружје и помош за Украина, а 7 од 10 републиканци го поддржуваат НАТО.
Спротивно на аргументите на Ховли, засилувањето на НАТО го намалува американскиот товар во Европа. Уште поважно, идејата дека зголемувањето на капацитетите за одвраќање на Русија ќе доведат до војна е измислен аргумент. НАТО е одбранбена алијанса, направена за спречување на поголема војна.
Во меѓувреме, кај левицата, повеќе високи функционери деновиве предупредија дека посетата на Пелоси на Тајван ќе предизвика голема војна против Кина во најлошото можно време, што е уште еден измислен аргумент. Томас Фридман во Њујорк тајмс тврди дека посетата на Пелоси е „невнимателна“ затоа што Украина го бара целото наше внимание.
„Основите на геополитика се дека не почнуваш војна на два фронта со други две суперсили во исто време,“ пишува Фридман.
Прво, Фридман погрешно ја користи етикетата „невнимателна“. Таа и припаѓа чисто на Кинеската комунистичка партија, која одлучи да се закани на безбедноста на Пелоси. Кина лансира проектили во правец на Тајван и спроведува воени вежби околу островот. Тоа е невнимателно. Посета на Тајван за состаноци, не е.
Уште поважно, таа анализа целосно погрешно ја толкува ситуацијата во Кина - претстојното крунисување на Ши Џинпинг со трет претседателски мандат значи дека тој не може да си дозволи да изгледа слаб, но исто така и дека во моментот не може да си дозволи голем конфликт. Ограничената помош што Кина и ја овозможува на Русија се должи на кинеската желба да избегне американски санкции, и тоа се нема променето.
По значително туркање на рака, администрацијата на Бајден ја поддржа посетата на Пеолси, користејќи разумни чекори и дипломатија за да го менаџира гневот на Пекинг. Небото не ни падна на глава. Не почна Трета светска војна. Патувањето на Пелоси не го промени фактот дека Кина, а не САД, е агресивната страна која го нарушува статус-квото во Тајванскиот теснец.
Ставот дека САД може да бира меѓу спротивставување на руска агресија или кинеска агресија е привлечен се додека не се соочи со реалноста. Вистината е дека овие две експанзионистички диктатури работат заедно за да ја поткопаат нашата безбедност, просперитет и слобода. Москва и Пекинг ја гледаат својата борба против Западот како преплетена, па и ние мора да ја признаеме таа врска.
Добрите вести се дека САД имаат голем број силни партнери кои исто така разбираат дека ова е двојна закана, а не избор меѓу два одделни предизвици. Лидерите на двете страни на политичкиот спектар треба да престанат да го залажуваат американскиот народ со лажна комфорност дека можеме да си го дозволиме луксузот да избереме да конфронтираме едно зло, а другото не.