Секој петти возрасен Американец страда од некој ментален проблем. Агрегирано, тоа се 45, 6 милиони луѓе од кои 11,5 милиони имаат сериозен здравствен проблем од ваков вид.
Во периодот меѓу 1987-ма и 2007-ма, бројот на лица кои според дијагнозата се квалификуваат да бидат државно издржувани се зголемил за два ипол пати.
Во огромна мерка ваквиот раст се должи и на поефикасното дијагностицирање на менталните проблеми иако постојат и мислења дека се претерува со штанцање дијагнози за банални промени во расположението.
Депресијата и анксиозноста се најчести проблеми од ваков карактер. На луѓето од 40 до 59 години им се случува депресија двојно повеќе отколку во останатите возрасни групи. Истражување од 2007-ма покажало дека од луѓето кои имаат сериозни ментални проблеми, само 38 проценти добиле соодветен здравствен третман.
И покрај зачестеноста, менталните болести се уште се стигматизирани во САД.