Откатанчување мостови

Паралелно со феноменот на "катанци на љубовта," односно ставање катанци на недолжни парчиња од урбаната инфраструктура, во Њујорк се развива една нова супкултура - отклучувачи на катанци на љубовта.

Луѓето кои се занимаваат со "love picking" не го прават ова од чиста пакост, туку ги отклучуваат катанците пред да пројдат вработените од градска хигиена и да ги откорнат со клешта (што е редовна пракса на мостовите барем во Њујорк).

Тие отклучените катанци ги собираат во кеси и ги чуваат за со нив да украсат некоја јавна скулптура или специјално "дрво" кое го прават за катанците.

На последната акција на бруклинскиот мост беа извадени над 8 килограми во катанци.

Праксата на love picking е дел од т.нр. "locksport" во кој поединци се обидуваат да отклучат најразлични брави. Иако потпаѓа под locksport, отклучувањето катанци е прилично контроверзно во овој свет бидејќи двете основни правила на овој спорт се: 1. никогаш не отклучувај брава која не е твоја и 2. никогаш не отклучувај брава која моментално се користи.

18 октомври 2013 - 20:00