Таг: бруклин

Анти-ваксери пробија кордон во салата на Бруклин Нетс на НБА меч

Ѕвездениот тим на Бруклин Нетс доживеа пораз од Шарлот Хорнетс. И покрај 38 поени, 5 скока и 3 асистенции на Кевин Дурент, Хорнетс славеа 111-95. Во екипата и натаму не е контроверзната суперѕвезда Кајри Ирвинг кој остана на ставот да не се вакцинира и со тоа не му е дозволен влез на затворено во салата на Бруклин според законите во Њујорк.

Час по историја на уметност наместо појавување на суд

Горниот хаштаг можеби звучи дефетистички. Но наместо досегашната пракса да сугерираме добри идеи со надеж дека тие некогаш би се примениле кај нас, ќе почнеме да ги третираме под судбински запечатеното „далеку сме ние од...“.

Кога прислушкуваш противнички тајм-аут

Додека тренерот на Кливленд Тајрон Лу црташе по таблата, Тревор Букер од Бруклин се ушуња меѓу неговите играчи и се правеше наудрен.

Сноуден герила сред Њујорк

Група њујоршки уметници доцна во понеделникот вечерта поставија биста од Едвард Сноуден во парк во Бруклин. Група њујоршки градски работници до пладне ја демонтираа бистата.

Откатанчување мостови

Паралелно со феноменот на "катанци на љубовта," односно ставање катанци на недолжни парчиња од урбаната инфраструктура, во Њујорк се развива една нова супкултура - отклучувачи на катанци на љубовта.

Поглед за 18 милиони долари

Продолжувајќи со праксата на корисни потрошувачки информации за нашите читатели, објавуваме дека во Бруклин се продава апартман од 18 милиони долари. Корисната информација е дека сега е на попуст од оригиналните 25 милиони долари.