Идејата доаѓа од Кано, вториот најголем град во Нигерија со 2,8 милиони луѓе. Целта на свадбите e да се направи нешто со преголемиот број на слободни девојки и да се спречи радикализацијата на младите мажи.
Со овој проект во изминатите година и пол се земени 1.350 парови, повеќе од 1.000 веќе имаат закажано да прават свадба, а на листата за чекање има 5.000 лица.
Навалицата на свадби е и затоа што со нив следуваат и субвенции: зетот добива 60 долари за да плати за чеиз, а невестите добиваат залихи за дома и пари за да почнат бизнис. Во одредени случаи пари добива и човекот кој ги споил двајцата.
Поттикнувањето на свадби е една од тактиките кои се користат за да се намали насилството и отпорот на групата Боко Харам (радикали со врски со Ал-Каеда) во борбата против нигериската армија и полиција.
Сличен проект пред 10 години започна и Саудиска Арабија, организирајќи нешто како центар за рехабилитација на џихадисти. Во него сите поранешни борци минуваа обука и предавања, а откако ќе го завршеа тоа добиваа меѓу 700 и 20.000 долари за да се женат. Нивната идеја беше дека имањето жена и деца им ја намалува желбата да му се вратат на џихадот.